Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Има силна политичка волја администрацијата да биде ефикасна и непартизирана, вели Минчев

Секои шест месеци ќе се оценува знаењето на јавните службениците, ќе добиваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секои шест месеци ќе се оценува знаењето на јавните службениците, ќе добиваат оценки и сите кои што ќе добијат единица ќе одат обуки и доосовршување. Реформата во јавната администрација треба да го преобрази институционалниот систем во максимална служба на граѓаните, порача министерот Горан Минчев на отворањето на првиот едукативен центар во општина Аеродром. Новите простории се наменски, ќе ќе служат и за обука и едукација на новите генерации и преедукација на постоечкиот кадар.

  • „Обуката не е обврска, туку инвестиција во луѓето што се темел на институциите, рече министерот, истакнувајќи дека новиот Центар е повеќе од простор – тој е ресурс за градење на ефикасна, мотивирана и граѓански ориентирана администрација. Соодветна проверка на новите вработени, но и проверка на тие што веќе се вработени, на секои шест месеци, што значи се водиме од политиката дека учењето и знаењето се клучната алка за професионална јавна администрација“ – рече Горан Минчев – Министер за јавна администрација.

Голема политичка волја има и за департизирање на административниот апарат, вели Минчев а доказ за тоа според него се веќе донесените законски измени. Критиките за стагнацијата на јавната администраиција, вели министерот, што било констатирано во Извештаите од ЕУ изминативе 10-тина години.

  • „Дали има политичка волја? Неколку пати имам кажано дека, да, и тоа силна. Голема мотивираност кај Владата. Пред извесен период се донесени законски измени кои беа 5 години наназад не беа донесени, затоа велиме дека оваа реформа е историска. Само за една година оваа Влада го направи тоа што не било направено изминативе 10 години и ги прави суштинските чекори и ги прави суштинските чекори како треба да изгледа јавната администрација. Гаранација за департизирање се новите законски решенија односно зголемувањето на критериумите за вработување од иституциите. Исто така и дисциплинската одговорност која ја најавивме, е во таа насока“ рече Минчев.

Министерството веќе подготвува нови сет законски измени кои ќе опфатат законите за висока раководна служба, за платите и за работа на органите на државната управа.