Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Има простор за построга санкција за возачот кој ја прегази Теодора, толкува Обвинителството и вложи жалба за ниската казна

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово за случајот со Теодора Ристовска, која беше прегазена на пешачки премин, а со која обвинетиот Пајазити беше осуден на затворска казна од две години.

Од Обвинителството велат дека жалбата е вложена поради висината на кривичната санкција, која според обвинителот е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на обвинетиот.

Меѓу околностите поради кои Обвинителството бара построга казна се особено тешките последици од сообраќајната несреќа, во која Теодора Ристовска се здоби со тешки телесни повреди, од кои потоа почина.

Реклама

Од ОЈО Тетово велат дека го имале во предвид мислењето на Судскиот совет, изнесено во однос на овој предмет пред тој да биде правосилно завршен.

„Меѓутоа, со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишната затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека сепак има простор за корекција на санкцијата. Освен тоа, општиот јавен интерес, предизвикан од зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажува на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам, па јавниот обвинител одлучи да ја искористи законската можност и да побара од Апелацискиот суд Гостивар да ја преиначи казната во повисока“, велат од Обвинителството.