Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Илјадници пациенти со ретки болести бијат битки во недостиг на терапии

Пациентите во Македонија оставени на милост и немилост.За кој има лекови, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пациентите во Македонија оставени на милост и немилост.За кој има лекови, за кој нема. Дијабетичарите, болните со мултипла склероза, пациентите со ретки болести – илјадници болни во земјава со околу 300 различни ретки болести водат битка со недостиг на терапии. За некој нема воопшто медикаменти, а за поголем дел тие се или недоволни или несоодветни.Пацинтите велат – животот во болка е тежок, но уште потешко е тоа што поради неизвесни тендери животот им виси на конец.

Недостасуваат антидијабетна терапија, тоа се јавува разлика на начинот на промената на набавката со лицата со дијабетес, кои се на инсулин.И има дел што се преку државата и дел кои се нови пациенти се оставени сами на себе да се снаоѓаат” – вели Диме Велев, претседател на сојузот на здруженија на дијабетичари.

Не се само дијабетичарите. Проблем имаат и Болните со МС, кои се во постојана битка за лекови. Ако до пред еден месец, дефицитирен им беше само еден лек, сега недостигаат неколку, со тоа пациентите се ставени во ризик да им се влоши здравствената состојбата.

Реклама

Крајно време е здравството да започне да функционира и да се грижи за доброто на пациентите.Потребно е систематско решение, апелираме да се надминат сите технички административни бариери и пациентите никогаш повеќе да не останат без третманизјави Ана Карајанова Димитрушева, Претседател на Националното Здружение за МС.

Решението е во итни реформи во македонскиот здравствен систем за што алармираше и претседателот на алијансата на пациентски организации. Тој бара од здравствените власти итна промена на позитивната листа на лекови, но и олеснување на тендерските постапки за набавка на лекови.

Самите директори на Клиниките се повикуват на одговоности,но не свакајќи дека одговорни се и кон пациентите имаме двојна одговорност.Од сите реформски постапки кој се направени во досегашниот здравствен систем би требало да бидат подлежени на ревизија… вели Милан Мишковиќ, претседател на Национална алијанса на пациентски организации.

Во меѓувреме, изминативе години пациентите се соочија со сериозни предизвици во здравствениот систем. На пациентите со ретки болести им се заканува нова криза за недостиг на лекови. Дијабетичарите го кренаа многупати гласот против здравствените власти барајќи инсулин, глукомери и ленти затоа што месеци ги немаа. И најтешко болните -онколошките пациенти не беа исклучок, и тие имаа недостиг на биолошка терапија.