Над 650 лица вработени во фабрика за преработка на месо во Германија се позитивни на корона вирусот. Во моментов се тестираат повеќе од 1.000 работници, а илјадници други сè уште чекаат на тестирање. Кланицата беше затворена вчера попладне.
На оние што допрва треба да бидат тестирани и на нивните најблиски им било кажано да останат во карантин сè додека не ги добијат резултатите.
