Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, кој е во затворски притвор, во интервју за Syri.net, искажува голема благодарност до македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николовски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него”.  

– Искрено му се заблагодарувам на вицепремиерот на Македонија, г-дин Николоски, за неговата солидарност.  Да не заборавиме дека ВМРО ДПМНЕ ја познава како никој друг „специјалната“ правда на Сорос на чело со Катица Јанева која заврши во затвор за корупција. Ниту една партија не била политички прогонувана од соросоидната правда, како ВМРО. Но, тие покажаа карактер и интегритет и еве ги денес, изјавил Мета. 

-Значи, тие многу добро го разбираат мојот случај, бидејќи знаат како функционира соросоидната правда. Во оваа прилика, и посакувам Македонија да чекори по патот на стабилност и развој, но и на меѓуетничка хармонија, почитувајќи го Охридскиот договор, за кој работевме толку напорно во времето кога јас имав одговорност да бидам премиер на Албанија, рекол тој. 

Реклама

Сакам да ѝ се заблагодарам на Владата на Македонија што ги држи “своите премини отворени за нашите граѓани од Корча и Поградец до Пешкопеја, за да купуваат поевтино гориво, поевтина храна и поевтини лекови”, вели Мета. 

 Според него ова не е долгорочно решение, но засега е од “голема помош за стотици илјади Албанци кои се напуштени од Владата на Албанија. Решението за подобро иднина на албанија е во прогрмата на Партијата за слобода: пет приоритети за четити милиони Албанци 

Мета (57) кој шеф на албанската држава беше во периодот од 24 јули 2017 до 24 јули 2022 година, беше уапсен на 21 октомври 2024 година од кога е во затворски притвор. 

Тој е обвинет за корупција, перење пари и прикривање на имот, што категорично ги отфрла и ги смета за политички. Првото рочиште од судскиот процес е закажано за 27 април.