Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Илина Арсовска, ученичка во трета година во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“, дел од македонскиот тим на Европската женска математичка олимпијада

– Илина Арсовска, ученичка во трета година во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Илина Арсовска, ученичка во трета година во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“, повторно ќе биде дел од македонскиот тим на Европската женска математичка олимпијада, која годинава ќе се одржи во април во Бордо, Франција. Тимот го сочинуваат четири ученички, меѓу нив и Арсовска која по втор пат учествува на престижниот натпревар на кој се натпреваруваат ученици од 50 држави.

Арсовска вели дека претставувањето на училиштето, Куманово и државата ѝ претставува чест и голема одговорност.

-Со задоволство би сакала да ги претставам и училиштето и државата и се надевам дека ќе се вратам со успешни резултати. Во тимот имаме четири ученички од цела Македонија и заеднички ќе се бориме за награда, но индивидуално се натпреваруваме, изјави гимназијалката.

Реклама

Нејзиниот натпреварувачки пат започнува уште во основно училиште. Со години наназад Арсовска редовно учествува и освојува високи резултати, први места на различни нивоа на натпревари, градејќи континуитет што ја доведе и до европската олимписка сцена.

-Клучен чекор беше успешниот настап на македонската математичка олимпијада, по што добив можност да учествувам на меморијалниот натпревар „Александар Блажевски – Цане“. Токму овој натпревар претставува и квалификациски филтер за избор на тимот што ќе настапи на европското првенство, објасни Арсовска.