Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ИЈЗ: Уживајте во летото, но водете грижа за здравјето

Уживај во летото, создавај убави спомени и грижи се за своето здравје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уживај во летото, создавај убави спомени и грижи се за своето здравје, е пораката што денеска ја упатија од Институтот за јавно здравје, споделувајќи информации за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции.

– Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт – вагинален, анален или орален. Тие можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси или други микроорганизми. Некои СПИ предизвикуваат јасни симптоми, додека други можат долго време да поминат незабележано. Лице кое нема симптоми сепак може да ја пренесе инфекцијата на сексуалниот партнер. Нелекуваните СПИ можат да доведат до сериозни здравствени последици, вклучително воспаленија на репродуктивните органи, проблеми со плодноста, компликации во бременоста и зголемен ризик од одредени видови рак – се нагласува во соопштението.

Се истакнува дека навременото тестирање, правилното лекување и превентивните мерки се најдобар начин за заштита.

Реклама

– Сексуалното здравје е важен дел од целокупното здравје. За намалување на ризикот од СПИ се препорачува користење кондом при сексуални односи – правилната употреба значително го намалува ризикот од повеќето СПИ, редовно тестирање – особено кај лица кои имаат нови или повеќе сексуални партнери или сомневање за изложеност. Потоа, навремена посета на лекар при појава на симптоми како необичен исцедок, печење при мокрење, болка во гениталната област, појава на промени на кожата или слузниците – истакнуваат од ИЈЗ.

Се нагласува да не се користат антибиотици или други лекови без препорака од лекар. Неправилното лекување, се потенцира, може да доведе до компликации и отпорност на лековите.

Од ИЈЗ нагласуваат и на вакцинацијата и дека постојат ефикасни вакцини против ХПВ и против хепатит Б. Се нагласува и отворената комуникација со партнерот и одговорното сексуално однесување.

– СПИ може да му се случат на секого. Раното откривање, правилното лекување и превенцијата се најдобар начин за заштита на сопственото здравје и здравјето на другите – истакнуваат од Институтот.

Повеќе детали за сексуално преносливите инфекции, како симптоми, компликации и превенција, може да се прочита на веб-страница на ИЈЗ.