Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

ИЈЗ: Нови содржини на апликацијата „Беббо“ во рамки на Светската недела на доењето

Институтот за јавно здравје продолжува да ја унапредува мобилната апликација „Беббо“, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за јавно здравје продолжува да ја унапредува мобилната апликација „Беббо“, со цел родителите да имаат лесен пристап до сигурни и научно – засновани информации за здравјето и развојот на децата. Во рамките на Светската недела на доењето, апликацијата е дополнета со нови содржини, соопштија денеска од Институтот.

Новите содржини на апликацијата вклучувале прашалник за родители – „Доење: практики, искуства и потешкотии“, информации за штетното влијание на пушењето, алкохолот и дрогата при доење, совети за млечните заби и првата посета на стоматолог, информации за инфо-линијата за откажување од пушење при доење, како и едукативни содржини за здрав раст и развој на детето.

– Апликацијата „Беббо“ е создадена за да биде сигурен партнер на родителите – од бременоста, па сè до раното детство. Знаењето и информираноста е најдобрата поддршка за секое семејство – се додава во соопштението на Институтот.