Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

ИЈЗ: Ѓубрето да се фрла со маска и ракавици, општините да направат вонредна дератизација и дезинсекција

Често миење и дезинфекција на раце, внимателност кога се фрла отпад, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Често миење и дезинфекција на раце, внимателност кога се фрла отпад, да се избегнува физички незаштитен контакт со ѓубре, дезинфекција на обувки, домашните миленици да не дојдат во допир со отпадот и исцедок од истиот, сите што работат во комуналните прептријатија задолжително ќе се вакцинираат превентивно за заштита од тетанус и хепатит А и Б – ова се дел од препораките на епидемиолозите околу влијанието од отпадот во Скопје врз јавното здравје. Дополнително докторите предложија во училиштата, но и пред живеалиштата секој кој е во можност да постави бариери за дезинфекција. Препорачуваат општините да направат дератизација и дезинфекција.

“Имавме случај со каснување на дете од глодар, и оттаму е апелот до институциите да си ја работат работата и да спречат поставување контејнери до училишта или здравствени институции, кои треба да имаат посебни услови за работа и опстојување. Училиштата треба да постават дезинфекциски бариери пред праговите на училиштата, а децата редовно да ги мијат рацете. Директорите да постават и слики адаптирани на возраста како правилно се мијат раце”, вели д-р Мирјана Димовска.

Од ИЈЗ посочија дека ги имаат сите реагенси доколку има некакви заболувања од контакт со глодари.

Реклама

Надлежните во ИЈЗ информираа дека во моментов епидемиолошката состојба е стабилна. Потенцираќи дека секоја заразна болест има инкубациски период, кој трае во некои случаи и по две недели. Засега нема зголемување на случаи со цревни инфекции ниту граѓани со посериозни заразни заболувања кои ги пренесуваат муви и глодари како резултат на преполните котејнери.