Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

🎥 Идната година студентите ќе се вселат во новиот „Кузман Јосифовски-Питу“

Владата ги интензивира инвестициите во образованието – се реконструираат студентски домови,  се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ги интензивира инвестициите во образованието – се реконструираат студентски домови,  се градат и спортски училишни сали. Во првата фаза од проектот за обнова на студентските домови во Македонија целосно нов лик ќе добијат „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје.

Студентите ќе добијат модернизирани соби и современи читални. Објектите ќе имаат нови инсталации, фасади, системи за греење и ладење, како и поставување на фотоволтаични панели со што ќе обезбеди подобри услови за живеење и учење на студентите. Сместувањето во Кузман ќе започне идната година.

“Проектот за реконструкција на студентски домови опфаќа три фази – во втората ќе бидат реновирани домовите во Охрид, Штип, Прилеп и студентскиот дом „Томе Стефановски -Сениќ” во Скопје, а во третата фаза – „Гоце Делчев“ во Скопје и студентскиот дом во Битола” вели министерката за образование, Весна Јаневска.

Реклама

Според премиерот Мицкоски, инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на државата.

За нас е важно да се заврши овој проект и младите луѓе, студентите, конечно да добијат повеќе од добри услови за сместување. Барем од она што го видовме внатре, една просторија како тоа би изгледало, споредено со тоа како било порано, станува збор за огромна разлика. Навистина ќе уживаат во совладувањето на материјата на факултетите”- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај студентските домови, Владата работи и на подобрување на условите во основните и средните училишта.Ќе се градат 15 училишни спортски сали ширум државата.

Во мoментот е при крај тендерската постапка за реконструкција на 15-на училишни сали, во 14 општини од сите региони. Ценам дека со завршување на оваа постапка, дополнително ќе се додаде вредност и на квалитет во рамките на овој процес кај нас во Македонија, изјави Мицкоски.

Покрај инфраструктурните проекти, во секторот образование обезбедени се учебници за сите предмети, а наставниците добија и покачување на платите.