Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ

Возачот што со автомобил влечеше коњ низ Скопје е идентификуван – ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возачот што со автомобил влечеше коњ низ Скопје е идентификуван – ќе одговара за „мачење на животни“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека, по објавата на видео-снимка на социјалните мрежи, на која се гледа како возач управува патничко возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблички, при што за куката на возилото е врзан коњ што се влече низ градското подрачје, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на СВР Скопје.

Според соопштението, полициските службеници спровеле активности за утврдување на сторителот на делото и негово документирање, при што станува збор за кривично дело „мачење на животни“, предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик.

Реклама

По преземените мерки, лицето што управувало со возилото е идентификувано. Со него е извршен службен разговор, а за случајот е известен и јавен обвинител. Согласно неговите насоки, ќе биде изготвено известување до Основното јавно обвинителство – Скопје, за понатамошно постапување врз основа на собраниот и документиран материјал.