Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

И покрај спорот околу цената на тутунот, договорите сепак се потпишуваат

На стартот од новата производна сезона, десетте тутунски откупувачи не ги прифаќаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На стартот од новата производна сезона, десетте тутунски откупувачи не ги прифаќаат понудените повисоки откупни цени од Сојузот на тутунски здруженија. Понудата на сите откупувачи се движи околу 430 ден. за кг тутун од прва класа, што е приближно еднаква цена на ланската. Ова, според пресметките на тутунопроизводителите, е неисплатлива цена. Иако преговорите се веќе завршени, а потпишувањето на новите договори е во тек, сепак од Сојузот велат дека тие нема да се откажат од барањата килограм тутун од прва класа да се откупува по 510 ден., за 460 ден. – втората и 400 ден. – третата класа и дека континуирано ќе ги користат сите механизми што им се на располагање сè до почетокот на откупот.

„Ова никако не може да го запре склучувањето на договорите, бидејќи без тие договори нема да можат да насадат тутун. Според сознанијата од откупувачите и од Подрачните единици за земјоделие, интересот е доста зголемен во споредба со ланската година, така што очекуваме сигурно 10 посто повеќе кооперанти и склучени договори од ланската година. Тоа, според нас, се должи на цената некаде од 420 денари плус субвенциите, вкупно 500 ден. Значи, нема култура што е платена повеќе од тутунот“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Напоредно со ова, интензивно се работи и на доработката на измените на Законот за тутун, со кои тутунарите треба да станат рамноправен партнер во креирањето на откупните цени.

Реклама

„Многу внимателно се работи на измените на Законот, бидејќи поучени сме од 2019 година, кога набрзина се донесоа некои законски измени и за малку ќе го изгубевме тутунопроизводството. И ова е премногу комплексна материја за да може толку едноставно да се реши“, објаснува Николче Илиевски, координатор за меѓународна соработка на Сојузот.

Инаку, ланската реколта вкупно тежи над 26 милиони килограми квалитетен тутун. Од него најмногу се откупи во прва класа, или 98 посто од производството, по просечна цена од 418 ден. за кг тутун и плус 100 ден. субвенции. Во Македонија лани со тутун биле засадени 14.000 хектари, а биле склучени 33.000 договори од 17.300 стопанства.