Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

И по средбата со директорот, вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ во неизвесност за септемвриската плата

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ со нов протест, но исти барања.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ со нов протест, но исти барања. Независниот синдикат конечно оствари средба со директорот на претпријатието, Јетон Бучи. Сега се во исчекување денеска да биде исплатена септемвриската плата, но за тоа да се случи прво на сметката на „Паркови и зеленило“ треба да легнат пари од Град Скопје и „Водовод и канализација“. Вработените остануваат на многу пати кажаното дека доколку не го добијат она што им следува ќе продолжат да штрајкуваат секој ден на исто место и во исто време.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ преку соопштение велат дека претпријатието зависи од налозите и одобренијата од Град Скопје и од ЈП „Водовод и канализација“, бидејќи буџетот на ЈП „Паркови и зеленило“ се формира врз основа на овие средства.

„ЈП „Паркови и зеленило“ ги исцрпело предвидените средства за спроведување на Програмата за подигање и реконструкција на јавни зелени површини за 2025 година. Дополнително, приходите од ЈП „Водовод и канализација“ не се доволни за исплата на платите на вработените за месеците септември и октомври 2025 година.

Реклама

Поради тоа, претпријатието се обрати до Градот со барање за пренамена на средства од буџетот за одобрување субвенција за надминување на потешкотиите во работењето, како и до ЈП „Водовод и канализација“ за префрлање на финансиски средства кон ЈП „Паркови и зеленило“ за сервисирање на обврските по основ на плати кон вработените“ велат од ЈП „Паркови и зеленило“

Од Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ велат дека доколку продолжи агонијата со неисплата на плати, нема да се приклучат на чистењето од 72 часа кое го најави новиот градоначалник на главниот град, Орце Ѓорѓиевски. Дополнително ако продолжи ова темпо на неисплаќање на плати и останати придонеси, ќе почнат да одбиваат работни задачи. Првиот човек на синдикатот Ристески најави  дека се подготвуваат да го решаваат проблемот со арбитража.

Давид Крстевски