Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

И по седум години ништо од новиот објект на Охридскиот кардиолошки центар

Цели 9 години охридската болница за кардиоваскуларни заболувања во која годишно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цели 9 години охридската болница за кардиоваскуларни заболувања во која годишно се вршат над 2000 интервенции и каде се лекуваат најтешките пациенти од целиот регион, чека да се префрли во новиот болнички блок во Специјалната болница “Свети Еразмо”.Изградбата на новиот објект запре во 2017-та година и не се знае кога и дали воопшто ќе продолжи.Министрите за здравство,сите редум кој како доаѓаше ветуваше дека објектот наскоро ќе биде пуштен во употреба,но и по 7 години тоа не се случи.

Закочувањето на градежните активности во тој објект и тоа како се одрази на развојот на оваа установа, а пак заостанувањето на развојот на оваа установа се одразува на здравјето на пациетите.Колку што сум јас запознаен постои судски спор помеѓу изведувачите на градежни активности и министерството за здравство како нарачател на тие градежни активности”-вели др.Никола Бакрачески

Инвестицијата тешка 3,5 милиони евра  првично требаше да биде реализирана до април 2017-та.Во 2018, тогаш актуелниот министер Венко Филипче даде нов рок за завршување на објектот, септември 2019. Потоа Белим Сали во 2022-ра уверуваше дека на почетокот од 2023-та  пациентите со срцеви заболувања ќе се сместат во новиот болнички блок во Свети Еразмо,и оти се работел за мал застој кој сеуште трае.

Реклама

Тука имаше еден мал застој кој што за жал трае со години за 5 % од целиот проект е стопирано завршувањето и техничкото примопредавање на објектот.”- Беким Сали-министер за здравство ( 26.09.2022)

Од министерството за здравство не се одважија да ни одговорат на прашањата што се случува со новиот болнички блок, дали воопшто ќе биде пуштен во употреба ?

Дознаваме дека изведувачот, градежната компанија „ВИА“ од Вевчани, на 31-ви октомври 2017-та целосно ги прекинал работите на објектот кој е готов 80%, бидејќи се’ уште не се ослободени старите операциони сали кои треба да се урнат за тој да може целосно да биде завршен.

Росица Голабоска