Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

И годинава најверојатно ќе нема учебници по Историја за петто и шесто

Патот до Брисел води преку Софија. Бугарските диктати и условувања се причина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патот до Брисел води преку Софија. Бугарските диктати и условувања се причина зошто и оваа учебна година најверојатно ќе нема книги по историја за петто и шесто одделение. Министерот за образование се правда дека не можеле да се најдат рецензенти. Во суштина на проблемот е ревидираната историја, најголем дел од историчарите одбиваат да стават потпис на ваков учебник.

Учебниците по Историја за петто и шесто одделение заглавени во институционални лавиринти. Проблем, веројатно бугарските диктати и условувања поради кои добар дел од историчарите и професорите не сакаат да стават потпис како рецензенти. Министерот за образование Јетон Шаќири се признава дека не може да најде рецензенти, но се надева дека проблемот ќе се решел наскоро. За побрзо да оди работата, министерот бара и професорите од УКИМ да се вклучат во рецензијата на учебникот по Историја.

  • Значајно е тоа што учениците имаат подготвителни материјали за цела година, подготвени од Бирото за развој на образованието според наставната програма. Очекувам дека во наредниот период, најбрзо што може, професори ќе се вклучат како рецензенти и нивните забелешки да бидат земени предвид од Националната комисија за учебници. Затоа ги повикувам сите професори, како што се вклучија за сите други учебници што ги завршивме, да се вклучат и за учебникот по Историја и општество, истакна Шаќири.

Тоа што никаде ги нема учебниците по Историја за петто и шесто одделение за наставниците е голем пропуст во образованието. Според наставникот Томислав Гиевски, државата мора да покаже поголема сериозност, и еднаш за секогаш некој да понесе одговорност оти на проблемите им нема крај.

Реклама

Учебник по историја за овие одделение немаше ни лани, од истите причини. Во оние кои ги има пак има еден куп грешки – пишуваше дека Македонија на Запад граничи со Бугарија, дека врвот „Монт Еверест“ е висок 29 километри, беа помешани знамињата на некои европски држави.

Борис Грујоски