Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Прилози

И денеска Судски совет не го стави на дневен ред Пајазит Пајазити

Членовите на Судскиот совет наместо да се изјаснат што одлучиле за одговорноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Судскиот совет наместо да се изјаснат што одлучиле за одговорноста на судијата Пајазит Пајазити, којшто со куќниот притвор му даде шанса на Блерим Рамадани да избега, тие си закажаа редовна седница на која точка на дневен ред е пензионирање на судија и престанок на мандат на нивен член. Јавноста уште инсистира на одговорност од судијата којшто без нови докази поранешниот припадник на УЧК од Шутка го смести во куќен притвор, а надлежните што треба да одлучат за неговата одговорност, констатираа само фактичка состојба.

Дел од правната фела зачудена како судиите и обвинителите не сносат никаква морална и професионална одговорност.

Минатата недела членовие на судски го усвоија извепштајот за постапувањето на Пајазит Пајазити и утврдија фактичка состојба, односно дека тој при неизменити околности од затворски го смести Рамадани во куќен притвор.

Реклама

Наместо да се бара ланец од одговорност на сите судии што одлучуваа за случајот Рамадани, освен за притворот и за екстрадицијата, па и кај оние од кривичен совет чија одлука некој му ја шепна на бегалецот, Членовите на судскиот совет со оглед на распоредот на денешната седница си тераат по свое.

Колку за потсетување, уапсениот Рамадани, на 18 јули се согласил пред судијата Пајазити да биде екстрадиран по скратена постапка во Србија и се согласил да биде суден. Пајазити тогаш му определил притвор. Но, на 22 јули, Рамадани поднел жалба преку својот адвокат во кој навел дека не го разбрал преведувачот кога зборувал за скратената постапка за екстрадиција. Според Законот за меѓународна соработка, изјава за скратена постапка за екстрадиција е неотповиклива и не може да биде повлечена, па оттука Рамадани немал право да се премисли.

Сепак, судијата Пајазити го прифатил премислувањето и згора на тоа иако немало изменети околности и се уште постоела опасноста од бегство, на Рамадани му одредил куќен притвор и тоа да го издржува кај роднини.

На последната седница на Судски, ништо од ова не беше дискутирано. Не стана збор ниту за тројцата колеги на Пајазити кои според одлуката на Врховен, одлучиле незаконито при неопределување екстрадиција на Рамадани.

Освен бурни рекации кај домашната јавност која чека одоворност од судиите, официјален Белград побара одговори од државните органи како Рамадани баран преку Интерпол од куќен успеа да избега за Косово.