Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце

Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени.

Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности.

Сончево и топло со слаб ветер од северен правец ќе биде времето до крајот на денот. Најтопло денеска е во Демир Капија и Гевгелија каде максималната температура достигна 40 степени.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и со апел до граѓаните да не биде голема разликата меѓу климатизираните простории со надворешната температура. Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако се излегува  надвор на отворено.

Реклама

– Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, основна и прва, е да се избегнува напорна физичка активност во текот на денот – и тоа од 11 до 17 часот. Доколку на таа температура се изложени работниците, особено оние кои работат во отворени простори, треба да имаат повеќе паузи во текот на денот, односно да бидат помалку изложувани на сонце и да бидат под сенка, да имаат внесување голема количина течности – укажуваат од ИЈЗ.

Во однос на исхраната, треба да се внесува што е можно поголемо количество на лесна храна, помалку мрсна и висококалорична храна, да не се консумира храна што содржи големо количество шеќери.

Лицата над 65-годишна возраст кои ја земаат редовно терапијата, ако не се чувствуваат добро во текот на денот, треба да се консултираат со своите матични лекари. Дополнително, ако се наоѓаат дома – сами, тогаш соодветно треба да бидат постојано во консултација или комуникација со своите соседи, пријатели, кои било, за ако почувствуваат некои симптоми во текот на топлотниот бран, да може да се обратат до своите пријатели, соседи, или пак доколку може, соодветно да се јават на Итна медицинска помош – на 194 или 112, дополнително да се консултираат со нив, со нивните лекари.

Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза. Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ос

Во однос на бремените жени, од ИЈЗ советуваат да ги следат препораките што им ги даваат нивните матични гинеколози, а во однос на хронично болните лица, редовно да ја земаат својата терапија.

Треба да се носи светла и лесна облека, капа, заштитни очила за оние кои веќе излегуваат на сонце, како и користење средства за заштита од сонце.

Доколку се појават симптоми на топлотен удар што може да се јават поради изложеност на сонце – како вртоглавица, главоболка, бессознание, мускулни грчеви, треба да се побара лекарска помош.