Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Хуманитарен концерт на фолклорниот ансамбл „Мегдан” во Стар Дојран

Со концерт во амфитеатарот во Стар Дојран, фолклорното друштво „Мегдан” од Богданци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со концерт во амфитеатарот во Стар Дојран, фолклорното друштво „Мегдан” од Богданци вечерва повторно ќе организира хуманитарна акција за прибирање средства за лекување на 39-годишниот Ристо Живковиќ од Богданци, татко на три деца.

Под мотото „Оро на хуманоста”, концертот е дел од „Дојранско културно лето 2026″ и го организира Општина Дојран од 19.30 часот. Ќе настапи Фолклорниот ансамбл „Мегдан” од Богданци, заедно со својата секција од Дојран. На настанот ќе има и штанд со домашни производи од локални производители и фирми, кои, исто така, ќе бидат вклучени во хуманитарната активност за да се соберат што повеќе средства потребни за Живковиќ, кој боледува од тумор на мозокот, да се лекува во Турција. 

-Нашиот ансамбл е веќе трет пат во хуманитарна мисија со цел да го испратиме нашиот татко, професор и чтец Ристо на лекување. Затоа ги покануваме сите посетители на Дојран да дојдат на настанот, да донираат, и притоа да ги слушнат и видат нашите преубави песни и ора и да уживаат во прекрасната клима на ова туристичко место, велат од „Мегдан” во својата објава.

Реклама

Во изминатиот месец фолклорниот ансамбл одржа уште два концера со истата хуманитарна цел, едниот во селото Црничани, а другиот во селото Стојаково. Исто така, при посетата на Хрватска ова лето и настапот  со нивните пријатели музичари од народниот оркестар при ДМУЦ „Сергеј Михајлов” од Штип, „Мегдан” собра одредена сума од средствата за лекување на нивнот сограѓанин.