Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Хрватска останува силен поддржувач на македонскиот европски пат, наскоро договор за стратешко партнерство меѓу Скопје и Загреб

Македонија и Хрватска негуваат одлични билатерални односи кои се пример за регионот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Хрватска негуваат одлични билатерални односи кои се пример за регионот, а во следниот период се очекува финализирање на договор за стратешко партнерство меѓу двете држави. Хрватска останува силен и принципиелен поддржувач на македонските евроинтеграции, порачаа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман на денешната заедничка прес-конференција.

Шефот на македонската дипломатија информираше дека во моментов се водат разговори за затворање на процесот за создавање стратешко партнерство меѓу двете држави кое ќе опфати повеќе области, меѓу кои економијата, трговијата, безбедноста и енергетиката. Муцунски ја посочи Хрватска како „ментор во евроинтегративниот процес“ на државава, нагласувајќи ја нејзината политичка поддршка, но и техничката помош.

Соговорниците се согласија дека зајакнатата координација како земји членки на НАТО претставува врвен надворешнополитички приоритет, како ефикасен механизам за усогласување на ставовите и зголемување на придонесот кон регионалната и евроатланската безбедност. Беше потврдена заедничката посветеност на вредностите и принципите на Алијансата.

Реклама

Средбата беше искористена и за размена на мислења за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за внатрешно-политичките и економските состојби во двете земји.

– Ние го немаме луксузот да кажеме дека престануваме со патот кон ЕУ во било кој момент. Напротив, мораме фокусирано да работиме на домашната агенда. Испорачуваме резултати, што е посебно видливо по однос на реформската агенда во последните неколку месеци, истакна Муцунски.

Осврнувајќи се на предизвикот со Бугарија, потенцираше дека државата има принципиелна позиција, но е неопходен активен дијалог со Софија. Тој информираше дека веќе остварил телефонски разговор со новата бугарска министерка за надворешни работи од техничката влада и најави средба во прва прилика. Сепак, укажа на потребата од максимална внимателност поради предизборниот период во Бугарија, со цел земјава да не стане дел од нивниот изборен наратив.

Хрватскиот министер Грлиќ Радман истакна дека Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо, додавајќи дека отворањето на преговорите ќе претставува важен позитивен и афирмативен моментум за македонските граѓани.

-Помеѓу Хрватска и Македонија сè е отворено и пријателски. Нашата соработка може да биде пример и за другите земји од Западниот Балкан. Хрватска отсекогаш помагала, а доказ за тоа се и 18-те активни твининг проекти преку кои придонесуваме кон зајакнувањето на административните капацитети во сообраќајот, финансиите, правосудството, образованието и земјоделството, рече Грлиќ Радман.

Во однос на прашањето со Бугарија, хрватскиот дипломат нагласи дека Загреб ги следи процесите во регионот и веќе разговара со бугарската страна за ова прашање. Тој потенцираше дека проширувањето е во интерес на целата Унија, особено во време на актуелните геополитички предизвици и руската агресија врз Украина, посочувајќи дека природното геополитичко место на Македонија е во Европската Унија.

Министерот Муцунски ја реафирмираше благодарноста за континуираната хрватска поддршка на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и за ставот дека процесот на проширување на Европската Унија треба да продолжи со засилена динамика.