Реклама

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Македонија

Хрватска на експертско ниво ќе ѝ ги пренесе своите искуства на Македонија во делот на реформите во Царината

Постигнатиот напредок во спроведувањето на реформите во областа на царината, борбата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постигнатиот напредок во спроведувањето на реформите во областа на царината, борбата со организираниот криминал, регионалната соработка и зголемување на економскиот раст ја покажуваат нашата силна посветеност во процесот на забрзана интеграција во ЕУ и Република Хрватска цврсто нѐ поддржува во евроинтегративните процеси. Почнува нов циклус на соработка при што Царинската управа на Република Хрватска на експертско ниво ќе ги пренесе своите искуства. Ова е заклучокот од денешната билатерална средба меѓу директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со директорот на хрватската Царинска управа, Марио Демировиќ.

Директорот на хрватската Царинска управа нагласил дека почнува нов циклус на соработка и дека покрај размена на искуства во делот на царината, ќе понудат поддршка и за македонското стопанство. 

– Почнуваме нов циклус на соработка, при што нашата интенција е да оставиме видлив белег зад себе. Покрај нашите искуства во примена на најдобрите практики во реформските процеси во областа на царинската унија, која е основата во евроинтегративните процеси, ќе понудиме и поддршка на македонското стопанство – вели Демировиќ.

Реклама

Директорот на македонската Царина нагласил дека на Хрватска гледаме како на значаен партнер и нивните искуства сe од исклучително значење во ефективна примена на новиот царински закон на кој работиме во моментот, имплементацијата на систем за следење тутунски добра, размена на податоци со УЈП како суштински за сузбивање на сивата економија, како и за зајакнување на оперативните механизми.

– Нотираниот напредок во спроведувањето на реформите, зголемената наплата на приходи, која годинава заклучно со април бележи зголемување од 26,5 милиони евра во однос на лани, зголемениот број на поднесени кривични пријави – заклучно со април поднесени се 69 кривични против 257 физички и 77 правни лица, се јасен доказ за нашата цврста посветеност во евроинтегративните процеси. Царинската управа е меѓу најдобрите топ-реформатори, кои овозможуваат подобрување на условите за водење бизнис и зајакнување на конкурентноста на македонската економија – истакнал Николовски додавајќи дека во согласност со договореното на последниот состанок одржан во Хрватска се очекува интензивирање на оперативната соработка.

Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска потенцирала дека средбата е од особено значење, особено во контекст на евроинтегративниот процес и потребата од понатамошна модернизација и усогласување на царинските системи со европските стандарди.

– Министерството за финансии останува силно посветено на поддршката на реформите што значат поефикасни институции, поголема транспарентност и унапредување на системите, кои придонесуваат за подобра наплата на приходите и посигурно економско окружување. Во таа насока, особено ја цениме подготвеноста на Република Хрватска за споделување искуства и добри практики имајќи го предвид нејзиното значајно искуство во процесот на интеграција во Европската Унија и имплементацијата на европските стандарди во царинското работење – истакнала Димитриеска-Кочоска.