Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Христова: Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи во корист на граѓаните со стратешки цели и проекти во инфраструктурата, здравството, образованието и енергетиката

Во вчерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, гостуваше пратеничката Даниела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во вчерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, гостуваше пратеничката Даниела Христова која дискутираше за работата на Собранието и одблизу ја прикажа изминатата работната недела таму, односно кои активности се случувале, притоа акцент стави на надзорната расправа за аерозагадувањето и потпишувањето на стратешкиот договор со Обединетото Кралство.

На почетокот пратеничката објасни кои мерки и планови се преземаат за да се подобри состојбата со аерозагадувањето кои се дискутирале на надзорната расправа за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје.

„Во понеделник членовите на комисијата за здравство имаа чест како гостин да го имаат лично премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот кажа дека во однос на подобрување на состојбата со аерозагадувањето, ќе се случи многу набрзо затоа што Владата има конкретен план и конкретни мерки како тоа да го направи. Тој спомна дека Во план е изградба на когенеративни централи коишто ќе произведуваат електрична енергија, исто така спомна дека со цел за подобрување на оваа состојба ќе се набават и 120 електрични автобуси коишто ќе бидат наменети токму нели за оваа цел и ќе бидат распространети веројатно во сите градови не само во Скопје, каде што има проблем со аерозагадувањето“, вели Христова.

Реклама

Исто така таа се осврна на уште еден значаен момент од работата во Собранието, поточно за стратешкиот договор со Обединетото Кралство и потенцираше дека претставува договор од исклучително значење за раст и развој на Македонија.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата навистина работи и се грижи за граѓаните и така покажа и овој пат дека граѓаните им се приоритет. Со потпишувањето на овој договор со една од најголемите велесили во светот, слободно можам да кажам нели, Обединетото Кралство, Република Македонија ќе има многу големи придобивки, пред сè ќе се однесуваат нели како што можевме да прочитаме во договорот, како што можевме да слушнеме од изјавите и на самиот премиер, ќе има многу придобивки во однос на инфраструктурата, исто така ќе има придобивки во однос на здравството и овде посебно сакам да кажам нешто што е многу важно за источниот регион, нели бидејќи јас доаѓам од тој крај, дека ќе има средства, односно пари за изградба на Клинички центар во Штип, ќе имаме придобивки во образованието и во енергетиката“, рече Христова.

Во поткастот пратеничката дискутираше и за Комисијата за образование, за изборот на нов гувернер на Народна банка, но исто така и за пратеничките прашања и за средбата со граѓани која пратениците ја практикуваат.

„Во вторникот ја имавме и 13-та седница на Комисијата за образование морам да кажам дека сега се работи, се преземаат сериозни чекори за подобрување на обрaзованието. Го избравме и новиот гувернер на Народна банка на Македонија, Трајко Славески и мислам дека направивме одличен избор и знаеме дека успешно ќе раководи со монетарната политика. Пратеничките прашања се еден од механизмите за контролата на работата на Владата и овој пат беа насочени прашањата кон премиерот, којшто секогаш ги одговара аргументирано докажано со факти“, истакна Христова.