Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Хоџа за Реформската агенда: Над 30 административни постапки на МЖСПП стануваат побрзи и поефикасни

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја презентираше новата Методологија за поедноставување на административните постапки.

Оваа иницијатива, како што информираат од Министерството, која е дел од Реформската агенда 2024–2027, е насочена кон создавање поефикасен систем кој директно ќе им помогне на малите и средните бизниси. Во рамки на овој процес, мапирани се вкупно 100 административни постапки избрани според тоа колку често се користат и колку се важни за фирмите, при што дури 31 постапка спроведувана од МЖСПП е дел од оваа листа на приоритети за кратење.

-Сложените процедури, долгите рокови и обемната документација претставуваат реална пречка за растот и конкурентноста на компаниите. Затоа воведуваме систематски пристап за идентификување и поедноставување на најоптоварувачките постапки, истакна министерот Хоџа.

Реклама

Тој нагласи дека преку подобра координација помеѓу институциите, администрацијата ќе се трансформира во вистински сервис кој обезбедува побрзи услуги и подобри услови за работа.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши посочи дека во изминатиот период Владата посветено работи на реформската агенда и исполнувањето на чекорите.

-Ние како Министерство за економија и труд, но и како известувач за чекорите кои се однесуваат на намалувањето на неформалната економија координирано со другите институции, меѓу кои и Министерството за животна средина и просторно планирање ја подобруваме бизнис климата за малите и средните претпријатија, истакна министерот Дурмиши.

Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, планот на реформата е прецизен: од мапираните процедури, ќе се издвојат 50 приоритетни за итна интервенција. Крајниот резултат што го очекуваат граѓаните и фирмите е намалување на бирократијата за најмалку 50 отсто. Ова практично значи двојно помалку чекори, помалку потребни документи и многу пократко време за завршување на административните обврски, со што значително ќе се олесни секојдневното работење на малите и средните претпријатија.