Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Хоџа – Рокас: Засилена соработка со ЕУ за заштита и одржлив развој на Преспанскиот Регион

Заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот Регион била потврдена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот Регион била потврдена на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас.

На средбата, како што информираат од МЖСПП, било истакнато дека Европската Унија останува силно посветена на зачувување на Преспа паркот преку нови и засилени активности насочени кон заштита на неговиот уникатен екосистем. Преспа била оценета како природно богатство од исклучително значење за целиот регион.

Министерот Хоџа изразил благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија и ја нагласил важноста од понатамошно унапредување на соработката за обезбедување долгорочна заштита и одржлив развој. Амбасадорот Рокас, пак, посочил дека заштитата на животната средина е клучен приоритет во европската агенда и ја истакнал Преспа како пример за успешна прекугранична соработка.

Реклама

Двајцата соговорници се согласиле дека преку заеднички напори може да се придонесе за зачувување на природното и културното наследство и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од овој регион.

Од Министерството за животна средина посочуваат дека Европската Унија ќе продолжи да инвестира во иницијативи за долгорочна заштита, а во рамките на програмите како „ЕУ за Преспа“ се реализираат проекти за заштита на биодиверзитетот, одржливо управување со природните ресурси, водите и отпадот, како и за поттикнување на локалниот економски развој.