Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Хоџа: Потпишувањето на првиот колективен договор е доказ за вреднувањето на трудот на работниците и унапредување на работничките права

Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа прв колективен договор од ваков вид, со кој, како што велат, се прави значаен исчекор кон унапредување на работничките права на вработените. 

– Со договорот се предвидува постепено зголемување на платите на работниците во Министерството, по 7 отсто почнувајќи од март 2026 година, со дополнителни зголемувања во 2027 и 2028 година. Ова е јасен сигнал дека трудот и посветеноста на равотниците се препознаваат и вреднуваат – појаснуваат од МЖСПП.

Истовремено, се обезбедува и унапредување на условите за сите вработени преку усогласување на платите за другите категории во согласност со законските прописи, но и преку воведување низа конкретни придобивки: надоместоци за ноќна и сменска работа, регулирање на исплатата на патните трошоци, работа за празници и прекувремена работа, јубилејни награди, како и засилени механизми за заштита од вознемирување и унапредување на безбедноста при работа.

Реклама

Министерот Муамет Хоџа, по потпишување на договорот со претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и претседателката на синдикалната организација, Мартина Спасовска-Тоцева, истакнал дека овој договор претставува резултат на заедничка посветеност, дијалог и меѓусебна почит.

Договорот, според МЖСПП, носи поголема јасност и сигурност во однос на правата за платено и неплатено отсуство, што придонесува за подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.