Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Хоџа: Дозволата на „Усје“ ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии

На почетокот на јули ќе има јавна расправа во врска со постапката за продолжување на А-интегрираната дозвола на Цементарницата „Усје“. Барањето е уредно поднесено, а дозволата ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање  Муамет Хоџа. Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На почетокот на јули ќе има јавна расправа во врска со постапката за продолжување на А-интегрираната дозвола на Цементарницата „Усје“. Барањето е уредно поднесено, а дозволата ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање  Муамет Хоџа.

Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва Хоџа посочи дека барањето за обнова на дозволата е поднесено и објавено на 22 мај и до 22 јуни тече рокот за увид во барањето и секоја заинтресирана страна, рече, може да поднесе забелешка на постапката за обновување на дозволата.

– Барањето за дозвола беше јавно објавено на 22 мај на веб-страницата на Министерството и уредно доставено до Општина Кисела Вода и Град Скопје. Законскиот рок за поднесување забелешки трае до 22 јуни. Во првата недела од јули ќе се одржи јавна расправа на територијата на Општина Кисела Вода, каде што е лоцирана фабриката. Заради целосна транспарентност, Министерството јавно ќе го објави целиот записник, информираше Хоџа. 

Реклама

Како што рече, барањето е поднесено уредно и според актуелниот закон, дека постапката тече и треба да заврши во март, но дозволата ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии, кој треба да стапи во сила во септември идната година. Новиот закон предвидува построги еколошки стандарди и тие ќе важат и за сите оператори со А-дозволи.

– Ќе биде според новиот закон донесен минатата година, ќе го почитуваме законот од точка до точка, изјави Хоџа. 

Со оглед на тоа што по 2027 година сите дозволи ќе мора да се ревидираат, според министерот, логично е секое тековно обновување да се врши според идните, повисоки критериуми за заштита на амбиенталниот воздух и околината.

По најавата на иницијатива „Стоп за Усје“ за протестен марш по барањето на „Усје“ за обновување на А-интегрираната дозвола, министерот рече дека ќе има средба со претставниците на иницијативата, како и со сите невладини еколошки организации и екоактивисти.

– Затоа што тие ни се партнери, не се непријатели. Како Министерство сме за дијалог со невладиниот сектор зашто имаме иста цел – чиста и здрава животна средина. Сите се поканети да достават забелешки и ќе имаме  јавна расправа, рече Хоџа.

Министерот соопшти дека се подготвува регистар на индустриски капацитети кои поседуваат А-интрегрирана дозвола и оти тие се обврзани да го информираат МЖСПП кое ќе ги објавува мерењата на својата веб-страница.

За приоритетите во неговиот ресор од декември 2025, откога е на чело на МЖСПП, Хоџа посочи дека покрај мерките за намалување на загадувањето со примена на новиот закон за  контрола на индустриски емисии, се работи и на трајно решение за изградба на регионални центри за отпад.