Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Хоџа – Улусој: Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Турција во областа на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска остварил работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска остварил работна средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Фатих Улусој, на која биле разгледани можностите за унапредување и продлабочување на билатералната соработка, со посебен фокус на областа на животната средина.

На средбата, како што информират од МЖСПП, Хоџа изразил благодарност за долгогодишната и континуирана поддршка што Република Турција ѝ ја дава на Македонија уште од нејзиното осамостојување, потенцирајќи ја важноста на партнерството меѓу двете земји во реализацијата на заеднички иницијативи и проекти.

Соговорниците разговарале и за претстојниот Форум за води, кој ќе се одржи на 5 и 6 мај годинава во Истанбул, со учество на министрите за животна средина од земјите на Западен Балкан, како и за одржувањето на 31-та Конференција на страните (COP31), најзначајниот глобален самит за климатски промени под покровителство на Обединетите нации, кој ќе се одржи во Анталија, Република Турција.

Реклама

На крајот од средбата, министерот Хоџа изразил уверување дека билатералната соработка меѓу Македонија и Турција ќе продолжи да се развива, придонесувајќи кон зајакнување на меѓусебните односи и интензивирање на размената на знаења и искуства од заеднички интерес.