Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Хоџа: МЖСПП ги разгледува забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР. Во тек е систематизација и разгледување на пристигнатите предлози и забелешки од институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните, порачал министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, соопшти Министерството. Во соопштението се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР. Во тек е систематизација и разгледување на пристигнатите предлози и забелешки од институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните, порачал министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, соопшти Министерството.

Во соопштението се доодава дека Министерството упатува благодарност до сите учесници кои придонеле кон подготовката на ова значајно законско решение.

-По вградувањето на прифатените сугестии во законскиот текст, Министерството ќе организира две јавни расправи и ги повикува сите заинтересирани страни активно да се вклучат во следната фаза од процесот, со цел донесување современ и квалитетен закон кој ќе обезбеди поефикасна и долгорочна заштита на природните вредности – се вели во соопштението.

Реклама

Предлог-законот, додаваат од Министерството, ја уредува заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност, заштита на природното наследство во и надвор од заштитените подрачја, како и заштита на природните реткости.