Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

“Хепар Центарот“ во битка за современа терапија против Хепатитис- Ц

Еден отсто од популацијата во Македонија боледува од опасните вирусни заболувања Хепатитис-…

Сподели:

Еден отсто од популацијата во Македонија боледува од опасните вирусни заболувања Хепатитис- Б и Хепатитис –Ц. Бидејќи  овие лица се во имунокомпромитирачка состојба, мораат многу повеќе да се пазат од ифекција со Ковид- 19. Ова беше речено на денешното одбележување на Светскиот ден на борба против хепатитисот во Битола, во организација на “Хепар центарот“.

-Се разгледуваат можностите од контрафектите што ги направи Ковид- 19 и колку е зголемена смртноста. Најновите податоци од Оксворд универзитетот и најеминентните тамошни професори, ни покажаа дека црнодробните заболувања имаат два пати поголем морталитет. Ситеовие пациенти што имаат хроничен хепатитис- Б или Ц, мораат да се пазат бидејќи веќе имаат една имуно  компромитирачка состојба која значи дупла опасност за нив- рече Милан Мишковиќ, претседател на “Хепар Центарот“.

Со поддршка од Светската здравствена организација, битолскиот интернационален центар,  се наметна пред Министерството за здравство, од каде што, за пациентите во Инфективната клиника е обезбедена најновата иновативна терапија со која може да се лечи хепатитисот- Ц.

Реклама

-Оваа терапија за хроничен хепатитис – Ц е произведена пред две години и е мултигенотипска терапија и овозможува сите генотипови Ц, да имаат излечивост повеќе од 95%- рече Мишковиќ.

Следна кампања ќе биде, новата терапија да се стави на позитивната листа на лекови и да биде бесплатна за сите пациенти во државата, за да се искорени ова опасно вирусно заболување.

Петар Стефановски