Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Хаварисаните возила во Кисела Вода градоначалникот Ѓорѓиевски ќе ги носи во дробилица

-Кисела Вода, во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ и во консултација со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Кисела Вода, во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината.

Инспекциските служби на општината, во текот на следните неколку дена, ќе започнат активност за мапирање на отпадните возила и ќе започнат постапка со која ќе се утврдува сопственоста, како и тоа дали истите се регистрирани и имаат платено обврски кон државата.

Согласно Законот за управување со дополнителните текови на отпад и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот, возилата кои ќе бидат евидентирани како отпадни и без регистарски таблички ќе бидат отстранети, доколку тоа не го стори сопственикот согласно дадениот рок од неколку денови, вели Ѓорѓиевски и додава:

Реклама

„Ова особено важи за оние во Расадник, кои паркинзите ги користат за препродавање на возила, како авто плацеви!“

Предвидени се и глоби за несовесните сопственици на хаварисани возила.

Важно – инспекторите ќе пристапат и кон возилата кои се без таблици и во комуникација со МВР ќе се започне со постапка согласно законската легислатива!

По завршувањето на постапката, возилата ќе бидат отстранети и однесени во отпадно депо, каде што граѓаните ќе имаат право да го повратат.

Во спротивно, ќе бидат третирани како отпаден метал!

Апелираме до жителите сами да си ги отстранат возилата согласно дадените рокови, за да не подлежат на трошоци, затоа што наша цел не е казнување, туку воведување ред во оваа сфера.

Крајно време е да ги ослободиме паркинзите во Кисела Вода!“ Рече Ѓоргиевски.