Реклама

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Прилози

Хартија наместо мозок, само еден бубрег, дел од срцето и цела слезина- случајот Бекиров од 2006-та година останува неразјаснет

Во главата наместо мозок завиткана хартија, недостасувал еден бубрег, најголем дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во главата наместо мозок завиткана хартија, недостасувал еден бубрег, најголем дел од срцето и слезината. Ова е случајот со Трајан Бекиров стар 20 години. 17 годишното момче почина во мај 2006-та година, а неговите родители и одредени невладини организации тврдеа дека причина за смртта е полициска бруталност.

Сепак она што повеќе загрижува во овој случај се резултатите од обдукцијата, особено втората што ја вршел бугарскиот форензичар Георги Банков, како и молкот на тогашните власти и тогашниот премиер Владо Бучковски. Од телото на младиот Бекиров недостасувале повеќе витални органи. На обдукцијата која ја вршел бугарскиот експерт присуствувал и Мухамед Точи, тогаш дел од Невладината ромска организација Месечина од Гостивар. Таму е откриено дека од черепот на момчето недостасува целиот мозок, како и повеќе други органи.

20 години подоцна Алфа стапи во контакт со Точи, кој ги потврди овие наводи. Во телефонски разговор ни кажа дека постојат и фотографии кои потврдуваат дека фалеле повеќе витални органи кај младиот Беќиров. По консултација со семејството на трагично починатиот, ни кажа дека нема да даде изјава за за овој случај, со цел да не се отворале рани стари две децении. 

Реклама

-Да не отвораме стари рани, поминати се 20 години од овој трагичен настан на едно 17 годишно момче. Има и фотографии од обдукцијата, кажа Точи.

Невладините организации гласно реагираа околу овие наводи и тврдења. Бараа да се откријат сите причини за смртта на младиот Трајан, како и транспарентно објавување на резултатите од обдукцијата. Одговори кои ги нема се бараа од тогашниот премиер Владо Бучковски, министерката за правда во тој мандат Мери Младеновска – Ѓоргиевска, тогашниот прв полицаец Љубомир Михајловски, тогаш републичкиот јавен обвинител Александар Прчевски.

-Почитуван господине премиер Бучковски. Ние се залагаме да се преземат сите потребни мерки со силите со кои располагате за да се обезбеди брза, целосна и ефективна истрага за смртта на Трајан Бекиров, и дека сите и дека сите што се виновни и вмешани во илегални активности во врска со неговата смрт брзо ќе бидат изведени пред лицето на правдата... Резултатите од истрагата, вклучувајќи ги и оние од обдукцијата, треба да бидат транспарентни, и да ги средат сите останати отворени прашања околу овие настани, напишаа од Националниот ромски центар во јуни 2006-та година.

Пред 20 години на молкот на институциите гласно реагираше и таткото Трајан, Езерџан Бекиров. Токму тој и побара меѓународна помош, односно странски експерти да ја извршат обдукцијата.

-Молк од сите. Ниту полиција, ниту судот ниту судска медицина кажуваат од што умре нашиот Тале. Телото не го земам да го погребам додека не ја разберам вистината. Ако треба ќе чекам и 10 години, кажа пред 20 години Езерџан Беќиров.

Телото на Трајан Бекиров во 2006-та беше пронајдено на брегот на реката Вардар во близина на селото Трубарево. Резултатите од обдукцијата на бугарскиот експерт пред 20 години ги оспоруваше тогашниот директор на Институтот за судска медиција Алексеј Дума. Според него Георги Банков бил непознат за стручната јавност и вработен во бугарскиот Хелсиншки комитет.

Матеја Петровски