Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Хаосот во здравството на виделина: Филипче ги разубедува медицинските сестри да не заминуваат

Со отказот што го дадоа трите медицински сестри проблемите во здравствениот систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со отказот што го дадоа трите медицински сестри проблемите во здравствениот систем испливаа на површина. Кога се најпотребни медицинските лица се принудени да заминуваат. Зорица Љубичиќ, Силвана Рогиќ и  Дивна Бојчевска се хероите во плаво кои со месеци се борат со Ковид-19. Од денеска се на одмор и со барање за отказ. Причините да си заминат по децении стаж според трите медицински сестри на инфективната клиника се непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра.

„Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим,“ – вели Зорица Љубичиќ, главна сестра на Инфективна клиника

Дека една од двете најпогодени здравствени установи од пандемијата го губи кадарот во најлошиот период поради негрижа на властите и јавноста бурно реагира.

Реклама

_Секоја чест за храброста, голема загуба за Клиниката. Редно е некој да се запраша каде сме ние медицинските сестри во целава приказна.

_За жал инфективната клиника ќе остане без прекрасен, стручен кадар. Но, не само тие, еве јас сум пред заминување..

И од здружението на медицински сестри остро реагираат. Обвинуваат дека отказите на трите сестри било резултат на децениски проблем бидејќи немаат статус за нивната работа.

Треба некој да се запраша зошто сме ние медицинските сестри сме незадоволни. Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија, ова е децениски проблем. Да немате дефиниција за сопствената работа. Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи.” – рече Бешлиовска.

И Филипче се обиде да ги предомисли но дали ќе му успее – останува неизвесно.

Разговаравме отворено за сите проблеми, истакнаа дека немаат друга алтернатива. Ги прашав дали планираат да одат во приватна клиника, рекоа дека таква работа не планираат. Бидејќи ако така одлучиле, тогаш ние не можеме да се мешаме. – рече Венко Филипче,министер за здравство.

Доколку не се реши  статусот на медицинските сестри, кога ќе заврши пандемијата, ќе се има уште поголем одлив, укажуваат од Здружението на медицински сестри.

Викторија Миткова