Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Хајредини: Ковачевски и Ахмети се првите кои треба да ги ставиме на полиграф, затоа што седум години не лажат и крадат

Ковачевски и Ахмети се првите кои треба да ги ставиме на полиграф…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ковачевски и Ахмети се првите кои треба да ги ставиме на полиграф затоа што седум години не лажат и крадат. Тие не можат да го решат проблемот со корупцијата, затоа што тие се изворот на истата. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини нема дилема кои треба да бидат првите двајца, врз кои ќе се примени оваа метода. На денешната дебата за интегритетот на граничарите и начинот на нивната проверка, Хајредини додаде, дека сме сведоци како, овие двајца политичари, секој ден лажат и манипулират со народот и сега не убедуваат дека со ставање на полиграф на службениците, ќе го решат проблемот со корупцијата.

„Овие двајцата прво, значи Ковачевски и Али Ахмети. Не, ова не е ни сарказам ни демагогија. Јас ви викам дека оттаму треба да почнеме. Затоа што полиграфот е контрола дали лаже човекот. Па ние сме сведоци дека секој ден лажат, тие самите. Можеме примери колку сакаме да земеме“, рече поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Џевдет Хајредини рече дека полиграфот е добар начин да се утврди корупцијата на граничните премини, но не верува во искрените намери на власта да го реши проблемот со безаконието.

Реклама

Со него се согласи и експретседателката на антикорупциска, Билјана Ивановска која рече дека нема проблем да се стават политичарите на полиграф, но за да профункционира системот, потребна е и проверка на граничарите затоа што на тој начин ќе се намалат загубите во буџетот.

„И тие нека се стават, се согласувам и тие нека се стават, но дајте нека профункционира системот. А, дали се пресметките точни или не, за приходи во буџетот, таму имаше пресметано колкави се загубите. Автоматски тие загуби нема да бидат загуби, туку ќе бидат приходи во буџетот“, рече експретседателската на антикорупциска, Билјана Ивановска

Експертите на денешната дебата за интегритетот на граничарите, рекоа дека ставањето на административците на полиграф може само да го ублажи проблемот со безаконието, но не и да го реши затоа што таа е во повисоките ешалони во државата.

Националниот координатор за граничното управување, Владимир Пивоваров оцени дека ситуацијата со корупцијата на граничните премини од осамостојувањето на државата до денес остана нерешена, укажувајќи дека генерално корупцијата на граничните премини тангира два фундаметални сегменти по државата, а тоа се безбедноста и економијата.

Љубиша Владимиров