Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Ѓурчески: Мицкоски го следеле партиски испостави во безбедносните служби, сега се исплашени

Следењето и снимањето на Христијан Мицкоски додека беше лидер на опозицијата, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Следењето и снимањето на Христијан Мицкоски додека беше лидер на опозицијата, за што самиот информираше, е резултат на исполитизараните безбедносни структури во Агенциите за разузнавање и контраразузнавање- тврди Љумобир Ѓурчески. Како поранешен началник во МВР, коментира дека партиски испостави се длабоко загрижени дека на површина ќе излезат сите незаконски дејствија што ги правеле.

  • „Одредени информации кои што они ги касифицираа а не заслужуваат да бидат класифицирани, за што и премиерот пред недела дена кажа дека добивал известувања од безбедносните служби кои што претходниот ден ги читал од медиумите, што е спротивно од она што безбедносните служби треба да го презентираат пред претседателот, пред претседателот на Владата и функционерите кои се корисници на тие безбедносни информации се со цел благовремено преземање на одредени дејствија за безбедноста во насока на зачувување на уставниот поредок. Од тука мислам дека оваа тема е бајаги сериозна, си има свои длабоки корени  едни структури кои се позиционирани во тие безбедносни служби кои што си зеле за право да си стават над државата години наназад и си зеле за право да прислушкуваат опозиција, функционери, претседатели и неовластено да прислушкуваат граѓани и со што попречуваат и одредени реформи во безбедносно-правниот систем во Македонија“ вели Ѓурчески – поранашен началник во МВР.

Дека името на Христијан Мицкоски било на врвот на листите на безбедностите служби додека беше лидер на опозицијата, откри премиерот на вчерашниот брифинг со новинарите. За него важеле посебни мерки и постојано бил мета за обработување од агенциите за безбедност,  бил третиран како терорист, постојано го снимале и го документирале секое негово движење, дури и со дронови, а за тоа постоеле и службени белешки, тврди премиерот. Како причина зошто го прават тоа, тогашниот директор навел дека следењето на Мицкоски е оти наводно ја загрозувал безбедноста.  

Сега, Агенцијата за разузнавање води истрага, а во декември ќе брифира на затворена владина седница. Истовремено, Владата бара декласификација и на белешките на АНБ со цел содржината да биде обелоденета.