Реклама
Македонија

Групата на Штекли доби 26 години и 10 месеци затвор

26 години и 10 месеци затвор доби групата на Раде Трајковски Штекли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

26 години и 10 месеци затвор доби групата на Раде Трајковски Штекли за трговија со дрога. На највисока затворска казна од осум години е осуден провообвиентиот Штекли кој давал насоки за ширење на мрежата на препродавачи по скопските улици. Дрогата се чувала во изнајмени станови, каде се пакувала, а продажбата се вршена по цени од 4500 до 6000 денари за грам кокаин, а од 200-300 денари за грам марухиана. Кај Трајковски завршувале сите пари од препродажбата на дрогата, кој потоа им давал и останатите дел од сумата.

Посебните истражни мерки ја покажале поврзаноста на групата, а обвинетите комуницирале заштите мрежи како „Снепчет“.

Говори: Илија Трпков – Судија во Основен Кривичен суд Скопје

Реклама

„Имено, како отежителни околности се тежината на кривичното дело, степенот на противправноста, општествената опасност од ваков вид кривична дела, степенот на кривична одговорност на обвинетите, зачестеноста од извршување на ваков вид кривични дела, последиците по животот и врз здравјето на луѓето..“

Судот како отежителни околности ги наведе степенот на опасност на делото, последиците врз здравјето на луѓето и фактот дека обвинетите веќе биле осудувани, а претходните казни не дале ефект. За судечкиот совет овој предмет претставува пример за организирано делување мотивирано од брза и лесна заработка, со сериозни последици за општеството.

Одбраната ќе се жали на пресудата, а бараа од судот и олеснување на притворските мерки што не беше прифатено. Адвокатите на Штекли во текот на судењето повикаа и вештаци дека неговата психичка состојба е нарушена, дека халуцинира и има шизофренија поради што не можел да ги следи рочиштата.  

  • „Осум години неправосилна одлука, и ние имаме основа за жалба. И во текот на постапката се отворија тие можности и во секој случај ќе обжалиме откако ќе ја добиеме писмената пресуда. Сметам дека казната ја одлучи судот, не би сакал воопшто да ја коментирам во однос на основот и висината, но морам да кажам дека обвинетиот Раде Трајковски во целиот тек на постапката тешко ја следеше расправата и затоа тешко се обезбедуваа докази кои одат во негова одбрана, поради здравствени причини “ рече Александар Новаковски- Адвокат на Трајковски.

За обвинителката Верица Бержецка Крстева, казните се во рамките на законот, а тие што претходно признаа вина и се спогодија со обвинителството, добија помали затворски казни на што обвинителството се жалело, но Апелација ги потврдила.

  • „Сметам дека се постапуваше во однос на понудените санкции и за дел од нив се постигнаа пресуди врз основа на спогодба за признавање вина. Во делот на оние што се во фаза на судење, секогаш рамката на казнување треба да биде построга од онаа што се постигнува во фаза на спогодување. Овде, во еден дел беше намалена казната што беше понудена за обвинетиот, а за други беше построга, како што сметам дека и треба да биде. Сепак, прерано е да се произнесам, сметам дека кога ќе ја добиеме писмената пресуда, ќе ги разгледаме образложенијата за отежнителните и олеснителните околности и ќе се одлучи дали ќе се поднесе жалба или не“ – изјави Бержецка-Крстева – Обвинител од ОЈО за ГОКК

Кривичен ги осуди, Стефан Китанов, Александар Вучевски и Филип Таневски на пет години затвор, а Стојан Миланов на три години и 10 месеци.

Групата која оперирала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година, броеше 16 членови, седум се спогодија со Обвинителството, а четворица уште на стартот од судењето признаа вина.