Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински тимови од земјата и странство,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински тимови од земјата и странство, волонтери, хумани луѓе, амбасадите во земјата, државните институции и на  министерствата кои учествуваа во спасување и хоспитализација на повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кој се случи пред една година. Градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов во емотивниот говор на денешниот централен настан во рамките на одбележување на годишнатата од трагедијата во Кочани, во кој згаснаа 63 животи, а 193 млади луѓе беа повредени -„Кочани ви благодари“, рече дека „денес стоиме овде со тешки, но благодарни срца“. 

-Стоиме со спомените на една ноќ што засекогаш ќе остане врежана во колективната меморија на Кочани. Ноќ во која болката го погоди нашиот град со сила што никој неможеше да ја замисли. Пожарот во „Пулс“ не беше само трагедија. Тој беше судир со најтешките човечки страдања. Во тие часови на ужас, нашите деца, нашите млади, се најдоа лице в лице со огнот и чадот. Лице в лице со страдањето се најдоа и оние кои се заколнале дека ќе го чуваат животот: лекарите, медицинските сестри, техничарите, болничарите, хуманите луѓе. Многумина од вас што сте денес тука, ги видовте раните од блиску… едноставно со еден збор – повеќе од хорор – рече Грозданов.

Tокму во тие најтешки моменти, според Грозданов, се случи нешто штo ние, во Кочани никогаш нема да го заборавиме.

Реклама

-Ние не останавме сами! Од сите страни пристигна помош. Болниците во државата и во многу други држави ги отворија своите врати. Доктори и медицински тимови се ставија на располагање без двоумење. Амбулантни возила, полициски возила, армиски возила, хеликоптери, авиони појдоа кон непознати дестинации, носејќи ги нашите деца кон спас, кон нова надеж- вели Грозданов. 

Градоначалникот на Кочани, Грозданов истакна дека болниците, клиниките во земјава, соседството и низ Европа ја презедоа битката за спас на повредените, а за нивните повреди како што рече „знаеме дека тие повреди се новитет и во науката“. Тој додаде дека Кочани никогаш нема ги заборави редицата на луѓе кои даруваа крв за повредните, како и на редицата од луѓе кои носеа храна, вода, намирници и ги нудеа своите домови за семејствата на повредните млади луѓе. 

-И затоа, денес, од името на граѓаните на Кочани, од името на родителите и на семејствата, од името на младите кои денес повторно учат да живеат – ви велиме едно големо, длабоко и искрено: Ви благодариме! Благодариме за вашата храброст. Благодариме за вашата пожртвуваност. Благодариме за секој час поминат покрај болничките кревети. Благодариме за секој спасен здив. Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната. Кочани ви благодари- подвлече во својот говор градоначалникот на Кочани Грозданов. 

Благодарници од Општина Кочани добија 36 болници од странство, амбасади, државни институции и министерства. Претставникот од болницата „Пиригов“ од Република Бугарија го врачи и клучот од болницата на градоначалникот на Кочани, во знак на пријателство и солидарност. На централниот настан „Кочани ви благодари“ присуствуваа министерите за внатрешни работи, правда, здравство, Панче Тошковски, Игор Филков и Азир Алиу како и претставници на останите министерства кои на 16 и 17 март беа вклучени во транспортот на повредните и згрижување на семејствата на повредните.

Во рамките на манифестацијата „Кочани ви благодари“ имаше музичко-сценски настап на познатиите светски реномирани музичари, Симон Трпечевски и  Игор Дурловски, Зарина Парсевда.