Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Прилози

Грипот зема замав, во првата недела годинава пријавени 1.725 случаи на заболени

Со новата година пристигна и новата сезона на настинки и грип. Бројот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новата година пристигна и новата сезона на настинки и грип. Бројот на заболени со симтоми на кивање, кашлање, високи температури и компликации се зголемува, а пикот допрва се очекува да пристигне. Најголем број на случаи се очекува да има од крајот на овој и почетокот на следниот месец. Институтот за јавно здравје информира дека во државата е регистрирана зголемена активност на вирусот на грип, а во дел од градовите бројката расте енормно. Според нивните податоци најмногу се разболуваат деца на училишна возраст, но вирусот активно се шири и кај возрасната популација.

Во македонија се пријавени 1725 случаи на групни пријави на заболени од грип или заболувања слични на грип. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Највисока инциденца е регистрирана кај децата на возраст од 5 до 14 години. Како што спомнав пријавите ги добивме од 18 места и според добиените податоци регистрирани се најмногу случаи во Скопје-716, во Тетово 339, Куманово 150, Велес 109, Штип 60, Дебар 54, Гостивар 49, Прилеп 45, Охрид 44, Битола 40. Мораме да забележиме дека во Дебар се бележи многу висока активност на Грипот, во Велес и Тетово се бележи висока активност, средна активност регистрирана е во Скопје, Куманово и во Штип.“- вели директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

Од Институтот за Јавно здравје посочуваат дека ова е прв пат во текот на сезоната грипот да достигне ваква висока бројка на национално ниво, и алармираат дека бројот на заболени ќе продолжи да расте.

Реклама

Како епидемиолошки коментар можеме да издвоиме дека се забележува значително зголемување на бројот и инциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Во текот на првата недела од 2026 година за прв пат во сезоната е регистрирана средна активност на грипот на национално ниво. Согласно овие податоци Македонија има висок интензитет на вирусот на грип со очекување на понатамошно зголемување во наредниот период.“- вели Марија Андоновска.

Од Институтот за јавно здравје апелираат на почитување на општите превентивни мерки како избегнување на големи собири и затворени простории со многу луѓе, редовно миење на рацете, проветрување на просториите и одржување на здрав животен стил. Кај лицата со симптоми се препорачува да останат дома и веднаш да се јават кај матичен лекар, а кај ризичните категории при секое влошување итно да се побара лекарска помош. Институциите најавуваат дека внимателно ќе ја следат состојбата и, доколку бројките продолжат да растат, ќе следат и дополнителни препораки.