Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Грција и шесте земји од Западен Балкан усвоија Делфи-декларација за ЕУ-перспективата на регионот

Делфи-декларација, продолжение на Солунската агенда од 2003 година за ЕУ-перспективата на Западен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делфи-декларација, продолжение на Солунската агенда од 2003 година за ЕУ-перспективата на Западен Балкан, усвоија шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, и претставниците на шесте земи од регионот, односно заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, првиот вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово, Глаук Коњуфца, министерот за европска интеграција на Србија, Немања Старовиќ, заменик-министерот за ЕУ на Црна Гора, Иван Иванишевиќ, и амбасадорот на Босна и Херцеговина во Грција, Драган Вуковиќ.

Декларацијата беше усвоена за време на министерскиот состанок што го свика домаќинот Грција на маргините на Економскиот форум, што се одржува во Делфи, а во пресрет на грчкото претседателство со Унијата во втората половина на 2027 година.

По затворениот состанок, министрите и заменик-министрите учествуваа на панел-дискусија посветена токму на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан.

Реклама

Главната порака на учесниците беше дека регионот премногу чека на патот кон Брисел, дека ЕУ треба да го задржи својот кредибилитет и да ги исполни ветувањата, дека не смее да постои црна дупка во срцето на Европа. Шефот на грчката дипломатија истакна дека ова е „најдолгото неисполнето ветување во историјата“, а за декларацијата од Делфи рече дека целта е да се ревитализира процесот.

Герапетритис се осврна на Солунската агенда пред 23 години за време на претходното претседателство на Грција со ЕУ и рече дека Европа не даде јасна визија за проширувањето на Западен Балкан и затоа „сметаме дека ова е одлично време и место за ревалитизација на Солунската агенда“, со присуството на претставници на сите шест земји од регионот, но и посочи дека намерата на декларацијата е од патоказ да се премине кон временска рамка.

Откри дека за време на грчкото претседателство ќе има нови земји членки на Унијата, но и дека во следните месеци има намера да ги посети сите главни градови на земјите од Западен Балкан нагласувајќи дека „не можеме да ја замислиме Европа без Западен Балкан и тоа е прашање на кредибилитет“ бидејќи постои ветување што не е исполнето.

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на панел-дискусијата истакна дека е многу важна поддршката на Грција, но и позитивно го коментира она што го соопшти Герапетритис дека ќе има прием на нови членки изразувајќи надеж дека тоа ќе бидат земји од Западен Балкан.

Говорејќи конкретно за нашата земја, потсети дека веќе долго чекаме за почеток на преговорите иако во минатото неколкупати го променивме Уставот, сменивме име, сменивме знаме.

Посочи дека со оглед на тоа што Црна Гора и Албанија имаат напредок, „многу е важно другите четири земји да не останат црна дупка во срцето на Европа“

За односите со Бугарија, изрази подготвеност и надеж за дијалог со новата влада во Софија, но и дека нема да постојат нови блокади.