Реклама

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Прилози

Граѓанските организации бараат обвинителството да ги заузда извршителите

За убиство има застарување, но нема за побарувањата. Зошто постпои законот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За убиство има застарување, но нема за побарувањата. Зошто постпои законот со кој застарување на долговите кога извршителтие не го почитуваат – прашуваат граѓанските здруженија и синдикатите. Иако законот е во сила четири месеци според нив, извршителите повторно се тераат по старо и удираат по џебот на граѓаните, а на прсти се бројат пресудите и судиите кои ги испочитувале законските измени.

  • „Не гледам никаква логика, човечка, морална, правна, етичка, да нема застарувања за побарувањата. Е сега, имаме судска пракса, Апелационите судови во Скопје и Гостивар, донесоа одлука за апсолутна застареноста што е добра судска пракса“ вели Ана Глигорова – Здружение „Човекот над профитот“.

Граѓанските здруженија револтирани, бараат обвинителството кривично да ги гони сите кои не го почитуваат законот кој е од јули.  

  • „Спротивно на законот, сега се прашуваме, кого штитат судиите, дали работата по законот? Не работат по законот. Тогаш овие судии треба да одговараат кривично. Имаме на некој начин здруќување, на незаконската работа на судиите и незаконската работа на извршителите, и треба кривично да се реши“ вели Марјан Ненов – Здружение „Но Пасаран“.

Кофедарацијата на синдикални организации на Македонија, најавува протест за втори декември, бидејќи не само што не се почитуваат законите, ниту еден сектор во државата не функционира.

Реклама
  • „На 2-ри декември, ја користам приликата, до граѓаните да ни се приклучат масовно. Во државата ништо не ни функционира. Немаме возови, здраствените работници штрајкуваат, никакво здраство, нема учебници во образованието. Единствено што функционира се извршителите, адвокатите, нотарите, брзите кредити и финансиски друштва “ рече Марјан Ристески – Претседател на КСОМ.

Граѓанските здруженија поднеле и иницијатива до Уставниот суд, од каде се надеваат на позитивен исход во најбрзо време.

Согласно законските измени скратен е рокот за поднесување на тужба за побарување на долг од 10 на 5 години, а доколку извршувањето не може да се случи за десет години, тогаш долгот се брише. Што практично би значело, секој долг што е постаре од 5 август 2013 треба да застари. Претходно, рокот во кој некој можеше да си го бара долгот беше 10 години, а рокот кога да се изврши беше неограничен.