Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

🎥 Граѓаните пријавувале до Министерството за здравство дека медицински лица им барале мито

Барања да потплатат доктор, игнорирање на пациенти и несоодветен болнички третман –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Барања да потплатат доктор, игнорирање на пациенти и несоодветен болнички третман – ова се најчестите поплаки од граѓаните за услугите во болниците и клиниките.

До кабинетот на министерот Азир Алиу за 10-тина дена пристигнале 39 пријави од граѓани со кои се соочиле во некоја од здравствените установи.Пријавите за мито биле во неколку клиники, но министерот не сакаше да обелодени за кои установи станува збор, посочувајќи дека неговиот тим прво ќе ги провери пријавите па потоа ќе се оди на вториот чекор за пријавување до правосудните органи.

„Прва фаза е, не е добро да именуваме клиники.. Ќе нѐ оставите недела-две. Имаме методологија, свесни сме дека кога креираме систем треба да одговараме.За да сме сигурни дали информациите се точни, создадовме канцеларија која се занимава со овој дел од информациите, ќе имаме состанок со надлежните во институциите што се спомнати, па ќе дојдеме до одговори или до одбивање на тоа што е дадено како информација. Сепак, ова се првични информации, не значи дека се точни“, рече Азир Алиу, министер за здравство.

Реклама

Алиу, кој е еден месец на оваа функција, говореше за активностите на Министерството за една година влада, кажа дека во неговиот сектор, по 10 години за прв пат е ажурирана позитивната листа на лекови а откако ја преземал функцијата, кабинетот го отворил за граѓаните. Како голем успех за него е тоа што здравствените работници добија повисоки плати,се реконструираат болници а ќе се градат и нови клиники. Министерот вети дигитализиран и модерен здравствен систем.Според него за пофалба е,што конечно е решен долгогодишниот недефиниран статус на приватните специјализанти.

“Врз основа на донесената одлука на Влада за вработување 600 приватни специјализанти (300+300), веќе привршува реализацијата на првата фаза и во најголем дел од установите е завршена процедурата за вработување 300 млади специјализанти во јавните здравствени установи во државата. Веќе ја почнавме реализацијата и на втората фаза за следните 300 специјализанти, минатата недела на веб страната на Министерството беше објавен повикот за изразување интерес на специјализантите за вработување”, истакна Алиу.

Во наредниот период, ќе се реализираат 5- те објекти во здравството кои се планирани во првата фаза од договорот со Обединетото Кралство за 6 милијарди евра. Се предвидува завршување на болниците во Штип, Тетово и Кичево, изградба на нова зграда за Медицинскиот факултет и студентски дом.

Алиу меѓудругото појасни дека почната е постапка за изградба на модерен и иновативен центар во Кочани за развивање креативни идеи кој ќе биде посветен на младите, на психосоцијалната поддршка и на заедницата.

Ања Лукарова