Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Граѓаните ги прават последните подготовки за велигденскиот ручек

Велигденските празници годинава носат пооптимистична слика за дел од граѓаните. Празничниот период…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велигденските празници годинава носат пооптимистична слика за дел од граѓаните. Празничниот период доаѓа во време кога економската состојба, според мнозинството, покажува мали знаци на подобрување. Иако високите цени и понатаму претставуваат предизвик, граѓаните велат дека порастот на платите и пензиите придонел да се почувствува барем мало олеснување.

„Добро што се покачија и платите. На некој начин, народот се чувствува барем малку порелаксирано. Дај Боже да продолжи со ваков тренд, ќе биде добро за сите во државата…Па, малку како што се качија пензиите, малку е подобро…Сигурно дека е полесно. Ние двајцата сме пензионери, па доста полесно ни е…Се подготвуваме колку ни е можноста…Катастрофални се цените, за глава да се фати човек, да пазаруваш…Не е баш опуштено, сè е скапо. Во однос на цените, сè е скапо…

Во пресрет на празниците, пазарите беа умерено фреквентни. Граѓаните пазаруваат според своите можности, со акцент на основните и традиционалните намирници. Велат дека не претеруваат, туку купуваат по малку од сè што е потребно за трпезата.

Реклама

„Па, сè од по малку – зелена салата, малку месо, сувомеснато – така, да го поминеме ова…Малку цените одат, јагнешко…Среќни сме, весели сме, најубав празник…Па од сè по малку, само без јагнешко… Руска салата, печено месо, сармичка, нешто ќе направиме…Моркови, пиперчиња и кромид. Вчера месо земавме, и тоа…Па, краставици, патлиџан, месо. Месото е исто, а краставиците се многу качени…

И покрај различните буџети, граѓаните посочуваат дека празникот ќе се одбележи во семејна атмосфера, со умерена, но доволна трпеза. Иако таа нема да биде раскошна за сите, пораката е јасна. Велигден е, пред сè, празник на духовна вредност, семејство и заедништво.

Во многу домови подготовките се прават со мерење, но и со љубов. Некои ќе подготват традиционални јадења, други ќе се задоволат со основни производи, но речиси сите велат дека најважно е да се соберат блиските на иста маса.

Велигденската радост, и оваа година, ја носат моментите поминати со семејството, мирот во домот и надежта за подобри денови.