Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Градоначалникот на Општина Карпош Лукровски и советниците ги добија уверенијата за своите мандати 

Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му го врачи Уверението за мандатот на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и му посака успешна работа во управувањето со локалната самоуправа, стои во соопштението на Општина Карпош. 

Во оваа пригода, градоначалникот Лукровски им се заблагодари на сите членови на Општинската изборна комисија за добрата работа, а на советниците им го честиташе нивниот избор, при што им посака добро здравје и успешно справување со претсојните работни предизвици.

– „Во мене нема да имате само градоначалник, туку и пријател и колега чија врата ќе биде ширум отворена за соработка. Кај мене ќе бидете добредојдени за да ги разгледаме сите отворени прашања, да се консултираме и заедно да изградиме еден поубав Карпош“ – посочи Лукровски.

Реклама

Претседателот на ОИК – Карпош им ги додели Уверенијата за мандатите и на 27 советници, кои во претстојниот четиригодишен мандат (2025-2029) ќе ги застапуваат интересите на карпошани во општинскиот Совет. Оттука, претседателот Мусалевски им го честиташе мандатот на советниците од Карпош, при што упати зборови на пофалба за работата на Општинската изборна комисија. Тој им посака на советниците многу енергија, тимски пристап и успешна работа во интерес на карпошани.