Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Градоначалникот на Куманово, Димитриевски организираше прием за најуспешните ученици спортисти

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска организираше прием за најдобрите ученици спортисти,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска организираше прием за најдобрите ученици спортисти, наставници по физичка култура и тренери од кумановските основни и средни училишта во Куманово, информираа од локалната самоуправа. Приемот е организиран за учениците спортисти кои освоија бројни награди на државни првенства во индивидуални и колективни спортови.

Како што наведуваат од општината, градоначалникот им  честитал на младите спортисти за постигнатите резултати, истакнувајќи го непобедливиот и нескршлив спортски дух по кој Куманово е препознатливо низ историјата. Учениците се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, во машка и женска конкуренција, меѓу кои кошарка, ракомет, одбојка, футсал и атлетика, со поддршка на Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово – ОСУСК.

Награди и трофеи од државните натпреварувања освоија ученици од ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Браќа Миладиновци“, ООУ „Браќа Рибар“ од село Табановце, ООУ „Толи Зордумис“, ООУ „Христијан Карпош“, ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ „Бајрам Шабани“, ООУ „11 Октомври“, како и од средните училишта СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, СОУ „Перо Наков“ и СОУ „Наце Буѓони“.