Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Градоначалникот Меља изврши увид во текот на активностите за санирање на кратерот-пропаднатата дупка на коловозот кај село Косоврасти

Градоначалникот Фисник Меља изврши увид во градежните активности, кои се во тек,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Фисник Меља изврши увид во градежните активности, кои се во тек, за санирање на кратерот-пропаднатата дупка на коловозот, на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жровница, кај селото Долно Косоврасти.

-На овој дел од патот се појави сериозен проблем со отварање на дупка, која ја оштети патната инфраструктура и претставуваше ризик за сообраќајот. Професионалните екипи на „Македонија пат“ со поддршка на Владата интервенираат со приоритет за санирање на проблемот, пополнување на дупката, поставување на потпорни слоеви и целосно враќање на функционалноста на патот, информираа од општинската прес-служба.

Градоначалникот Меља бил информиран за динамиката на работите и ја изразил својата благодарност за институционалниот ангажман и посветеноста за надминување на овој проблем, на оваа значајна патна делница, која претставува важна врска за жителите од поширокиот дебарски регион.

Реклама

-Општина Дебар ќе продолжи тесно да соработува со надлежните државни институции за навремено решавање на секоја инфраструктурна проблематика и обезбедување поголема безбедност и квалитет во патниот сообраќај, најавил Меља.

Кратерот, односно пропадната дупка се појави во октомври 2021, беше пополнета со песок, а поторно се појави во декември истата година, со длабочина од над 20 и широчна од 6 метри. Сообраќајот се одвиваше по оспособена девијација.

Со оглед на тоа што овој пат има голема фреквенција на сообраќај, бидејќи ги поврзува жителите на општините Дебар и Центар Жупа, како и граѓаните на Албанија, со Маврово, Гостивар, Тетово и Скопје, неговата рехабилитација беше повеќе од неопходна и е од особено значење за зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.