Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски со отворен ден за граѓаните во Град Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и денеска ја продолжи праксата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и денеска ја продолжи праксата на директна комуникација со граѓаните, отворајќи ги вратите на градската администрација за сите кои сакаат лично да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози.

Според објавата на градоначалникот на социјалните мрежи, приемите се одржуваат во духот на, како што наведува, „отворена комуникација, достапност и одговорно локално раководење“.

-Како што ветив – градот е отворен за сите. Без бариери, без затворени врати, без игнорирање. Секој проблем е забележан, секој предлог е запишан, наведува Ѓорѓиевски во објавата.

Реклама

Ѓорѓиевски информира дека дел од обраќањата биле направени и телефонски, со цел, како што вели, „секој глас да биде слушнат, а секоја порака да добие внимание“.

Тој нагласува дека поддршката што ја добил од граѓаните е силна мотивација, додавајќи дека многумина му посочиле оти ретко кој градоначалник досега лично ги повикал или примил.

– Она што ме мотивира најмногу е добриот збор и поддршката што ја слушнав од граѓаните, кои искрено ми кажаа дека ретко кој градоначалник во минатото лично ги побарал, сослушал и примил, стои во објавата. Од Град Скопје најавуваат дека средбите со граѓаните ќе продолжат и во текот на денот, а доколку има потреба и следниот ден.