Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Градежни активности во штипската населба Пребег

Почна уредувањето на нови паркинг места во штипската населба Пребег, а од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна уредувањето на нови паркинг места во штипската населба Пребег, а од утре ќе започнат и градежни активности за асфалтирање на  две улици, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека од буџетот на Општината издвоени се над два милиони денари, со цел подобрување на инфраструктурата и во ова населено место. 

-Се работи на уредување на паркинг простор во населбата Пребег. Освен нов паркинг простор предвидено е асфалтирање на две улици, а тоа е улица „Славонска Пожега“, на која во текот на утрешниот ден ќе се започне со работа и втората улица е улица „Баница“ – вели Јорданов.

 Дополнително се работи на поставување на нова водоводна мрежа со што ќе се реши и проблемот со водоснабдувањето како и слабиот притисок на вода кој беше честа појава во повисоките делови од Штип, вклучувајќи ја и населбата Пребег. Јордабов посочи дека на ваков начин се помага, за да се зголеми бројот на инвестиции и проширување на населбата. 

Реклама

-Следниот период ќе се започне со поставување на нова водоводна мрежа која значително ќе овозможи поголем капацитет за проширување на населбата со нови објекти- вели Јорданов. 

Освен денешните започнати активности во населба Пребег, се работи и на паркинг и асфалтирање улици и во населбата Сењак во Штип.