Реклама

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Македонија

Град Скопје и УНДП потпишаа Меморандум за соработка, ќе бидат опфатени три стратешки пилот-активности

Град Скопје и УНДП денеска потпишаа Меморандум за соработка, кој е потпишан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје и УНДП денеска потпишаа Меморандум за соработка, кој е потпишан од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и постојаниот претставник во Македонија, Армен Григоријан.

Како што информира градоначалникот Ѓорѓиевски преј својот Фејсбук, со потпишувањето на Договорот и Планот за имплементација, започнува реализацијата на три стратешки пилот-активности од клучно значење за иднината на нашиот град.

-Првиот проект опфаќа репроценка на недвижниот имот во Општина Центар, пилот кој ќе овозможи воспоставување на модерен, дигитален и целосно функционален систем за данок на имот. Ова значи поголема транспарентност, поефикасна наплата и посилна фискална стабилност на локално ниво. Вториот проект е поддршка за организација на првата меѓународна конференција, со која Скопје го прави првиот крупен чекор кон реализација на визијата – Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година, соопшти градоначалникот.

Реклама

Третиот опфаќа изработка на првиот сеопфатен План за чист воздух заснован на докази, документ што ќе донесе јасни мерки, дефинирани одговорности, проценка на трошоци и конкретен патоказ за системско намалување на загадувањето, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Скопје.

-Градот Скопје особено ја цени експертската и техничката поддршка од УНДП. Нивната улога е клучна, од развој на дигитални системи, преку организација на меѓународни процеси, до подготовка на аналитички и стратешки документи.

Ова партнерство ни овозможува да ги примениме најдобрите светски практики и да ги вградиме во работата на нашите институции. Ова е почеток на нова развојна фаза за Скопје. Фаза во која градот станува поорганизиран, поодржлив, покултурно препознатлив и поеколошки одговорен – напиша Ѓорѓиевски.

Упати благодарност до УНДП за довербата и партнерството, како и до сите институции и експерти кои ќе бидат дел од овие процеси.

-Скопје има потенцијал да биде модерен, европски и одржлив град. Денес го правиме првиот чекор во таа насока – потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.