Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Град Скопје со финансиска поддршка за онколошките пациенти

Град Скопје ќе обезбеди еднократна парична помош за онколошките пациенти во рамки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје ќе обезбеди еднократна парична помош за онколошките пациенти во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2026 година.

Според одлуката, право на оваа помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на градот, односно во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

За остварување на правото, потребно е да се достави барање заедно со целокупната документација, меѓу која копија од лична карта, документ од надлежен орган што ја потврдува дијагнозата, трансакциска сметка на барателот и потврда дека лицето спаѓа во категоријата онколошки пациент. Документацијата не смее да биде постара од шест месеци од поставување на дијагнозата.

Реклама
Според одлуката, право на оваа помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на градот, односно во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир

Барањата се поднесуваат преку Архивата на Град Скопје, во затворен плик со назнака „Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти“.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил истакна дека оваа мерка е симбол на солидарност и поддршка.

-Ова е порака дека никој не е сам. Дека зад секоја борба стои некој кој верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови постои рака што ќе ве поддржи и надеж што не згаснува – напиша градоначалникот.