Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Град Скопје и УНДП потпишаа меморандум за соработка за одржлив и долгорочен развој

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на Програмата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан, денеска официјално потпишаа меморандум за соработка.

Со потпишувањето на меморандумот, како што вели Ѓорѓиевски, се поставува јасна рамка за стратешка и долгорочна соработка во области од клучно значење за развојот на Скопје со цел унапредување на локалните политики, јакнење на институционалните капацитети и имплементација на современи и одржливи решенија во интерес на граѓаните.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека партнерството со УНДП претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката со една од најрелевантните меѓународни организации во областа на одржливиот развој нагласувајќи дека Градот Скопје високо ја цени нивната долгогодишна поддршка и посветеност.

Реклама

Меморандумот предвидува соработка во повеќе стратешки области, меѓу кои подобрување на системите за даноци на имот и комунални такси, унапредување на урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на локалниот економски развој, како и подготовка на квалитетни проекти за европски и меѓународни фондови.

Посебен акцент е ставен и на поддршката за реализација на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028“, кој се гледа како значајна можност за долгорочна трансформација на градот и негово посилно позиционирање на европската културна мапа.

Според градоначалникот Ѓорѓиевски, со ова партнерство Градот Скопје уште еднаш ја потврдува својата определба за развој во насока на одржлив, модерен и европски град.