Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Граѓаните мора да вршат притисок врз правосудството за расчистување на крупните криминали и коруптивни случаи

Граѓаните секојдневно да вршат притисок врз истражните институции и судско-обвинителска власт за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните секојдневно да вршат притисок врз истражните институции и судско-обвинителска власт за неселективен и брз одговор за високиот криминал и корупцијата. Така најбрзо и најефективно ќе се врати довербата во системот, вели директорот на Финансиската полиција. Ивановски смета дека државата мора и психолошки да влијае особено на државните службеници на локално ниво за да го спроведуваат законот и врз они локални моќници кои се закануваат со реперкусии. 

  • „Во овие 19 месеци сум сретнал многу примери коишто не се охрабруваат да пријават.Затоа што нивниот исказ односно нивната парола е дека: „залудно ќе го пријавам случајот, на крајот ќе си направам самиот себе проблем“. Ама јас му велам дека јас ти гарантирам дека тоа ќе го истуркам до крај. „Да, вели, ама додека сте вие на таа функција, а потоа ако дојде некој друг, јас ќе трпам одредени реперкусии“, поосчи Ивановски.

Финансовата полиција за 2025 година има три пати повеќе предмети и откриени криминали во споредба со претходните години, но тоа не значи дека сега повеќе се краде, туку институцијата функционира и повеќе открива и гони. Меѓу нив се и случаи за актуелни функционери што за Ивановски е показател дека никој нема да биде поштеден од одговорност.

  • „Само на тој начин ќе покажеме дека институциите функционираат и дека мора да одговара секој еден. Затоа мораме преку нашето постапување да ја вратиме и довербата кај граѓаните. Зошто? Затоа што кај граѓаните владее еден општ менталитет, не по нивна вина, него од искуството во минатото, дека секое едно службено лице може што сака да прави, може да биде подложно на корупција и за тоа едноставно нема институција којашто ќе превземе нешто и лицето нема да одговара,“ нагласи Ивановски.

Првиот антикорупционер пак вели дека откривањето на висок криминал ќе придонесе за враќање на довербата. Од друга страна, вели Чучуљ, Антикорупциска како превентивен орган заедно со другите институции треба да изградиме систем што нема да дозволи да дојде до таа корупција.

Реклама
  • Оваа година сме насочени кон судството, односно највисоките судски инстанци ги потпишаа политиките на интегритет, и очекуваме во текот на оваа година целото судство да ги прифати политиките на интегритет, што создваат систем отпорен на коруција, односно, пред се, да создадеме систем , односно инстицуии и личности отпорни на корупција и само на тој начин можеме да застанеме на патот на корупцијата, нагласи Чучуљ.

Во исто време, надлежните посочуваат дека јавните набавки е подеднкво плодна почна за висока корупција. Националната конвенција на Европската Унија ќе има за цел законски да ги приближи институциите кои треба да ги превенираат и спречат сите облици на криминал.