Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Граѓаните ги прават последните подготовки за велигденскиот ручек

Раздвижено на пазарите во пресрет на Велигден. Се купуваат јајца, зеленчук, месо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раздвижено на пазарите во пресрет на Велигден. Се купуваат јајца, зеленчук, месо се што е потребно за празничната трпеза. Граѓаните велат дека внимателно пазаруваат и ги споредуваат цените, но сепак се трудат да не се откажат од традиционалните велигденски обичаи. За многумина, Велигден е пред сè духовен празник, а трпезата, симбол на заедништво.

Предвелигденски цените на јајцата бележат силен раст, па така во маркетите една табла најчесто се продава над 300 денари. Претпразнично поскапо се продава и зеленчукот. Килограм пиперка достигнува и до 200 денари. Доматите пак се движат од околу 200 до 250 денари за килограм. Килограм јагнешко месо се движи околу 700 денари и останува еден од најголемите трошоци во семејниот буџет. Граѓаните велат дека е поскапено, но и посочуваат дека со добро планирање може да се најдат и производи по прифатливи цени.

И покрај предизвиците, граѓаните велат дека празничната атмосфера не изостанува. Според обичаите, вечерва се оди во црква каде се дочекува Христовото воскресение со кршење јајца по полноќ. На Велигден помладите одат кај повозрасните кои пак ги пречекуваат со празнична трпеза.